речник контакт

Носите ли крзно?

ХОРОРОТ ИАКО НЕ ГО ГЛЕДАМЕ, СЕ СЛУЧУВА СЕКОЈДНЕВНО И НАМЕНСКИ, ЗА ДА СЕ ДОЈДЕ ДО КРЗНО ЗА НЕКОЈ КОЈ САКА ДА ГО КУПИ

Петар Печков

„ Асоцијација на активисти за правата на животните„ заедно со Анима Мунди во светската недела за не носење на крзно, имаат за цел да го сврти вниманието врз жртвите на крзнената индустрија  - милионите животни дословно масакрирани во име на профит, суровост, површност и наметнати трендови. Тие жртви можат да бидат избегнати, доколку свесно одлучуваме што ке купуваме и одлучиме да не го поддржуваме крвавиот профит со нашите пари.


 Со цел да допрат до македонските граѓани двете граѓански здруженија информираат за  една од најбруталните индустрии на измачување и искористување на животните, влијаеме на граѓаните  совесно да одлучуваат што ќе облечат

-      -  ДАЛИ Е ИНДУСТРИЈАТА ЗА КРЗНО НАВИСТИНА ТАКА СУРОВА КАКО ШТО СЕ ЗБОРУВА? -

Посурова отколку што претпоставувате.
Истражувањата кои ги извршила PETA на фармите за крзно открија дека животните се убиваат така што им се ставаат во ректумот челични прачки кои се под електричен напон и буквално ја спржуваат нивната внатрешност. Скршени коски кои излегуваат на површина, инфекции на дишните патишта и канцерогени тумори се некои од повредите и болестите кои животните ги преживуваат, без ветеринарна нега, на една од истражените фарми.

Животните фатени во челични стапици за нозе трпат такви болки што некои од нив си ги одгризуваат екстремитетите како би можеле да побегнат. Неспособни да се хранат, загреат или одбранат од напаѓачите, многу од нив умираат од страшна смрт уште пред да дојде оној што ги пставил замките да го стори тоа. Други пак патат со денови чекајќи да дојдат оние што ги поставиле замките и да им ги скратат маките.

Да би се избегнало оштетување на кожата, животните се често претепани или изгазени до смрт. Повеќето држави немаат прописи во врска со начинот на убивање на овие животни.

Без разлика трпат ли ужасни болки во замките, или живот во агонија во мали кафези, животните неизмерно патат. Тие се жртва на нечија лекомисленост, површност или фетиш по „вистинска„ кожа и крзно. ХОРОРОТ ИАКО НЕ ГО ГЛЕДАМЕ, СЕ СЛУЧУВА СЕКОЈДНЕВНО И НАМЕНСКИ – САМО ЗАТОА ШТО ТОА КРЗНО ИЛИ КОЖА ИМА НЕКОЈ КОЈ САКА ДА ГО КУПИ.

Најголемиот број уживачи во крзно се пасивни конзументи кои кога би знаеле како се добива една бунда, за секогаш би се откажале од истата.  И човекот биолошки спаѓа во животни но сме интелектуално супериорни во однос на останатите - но дали тој податок не амнестира од одговорноста за  зверството на кое ги изложуваме само поради профит?

Од надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поточно од Агенцијата за храна и ветеринарство СЕ БАРА Законска забрана за одгледување на животни за производство на крзно, како што е тоа случај во секаде во нашето соседство - Србија, Хрватска, Босна, Црна гора и пошироко во Европа. Во Македонија тоа сеуште не е забрането.

На граѓаните им порачуваме - Да се запре овој масакр е возможно, а се започнува со вашиот  избор. БОЈКОТ НА ПРИРОДНОТО КРЗНО - не облекувајте ја суровоста!

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »